Ендокринолошки дијабетолошки консултации
Што е ендокринологија? Ендокринологијата е субспецијалност во рамки на интерната медицина. Ендокринолозите дијагностицираат и третираат болести и пореметувања на функциите на жлездите со внатрешно лачење-ендокрините жлезди како што се дијабетес , пореметувања на тироидната жлезда, растројства на метаболизмот на мастите, хипертензија, остеопороза, нарушена функција на надбубрежните жлезди, хипофизата, хормонални растројства кои предизвикуваат неплодност, снижен шеќер во крвта, пореметен раст и развој, низок крвен притисок и проблеми со телесната тежина.
Ендокрин систем Ендокриниот систем е составен од жлезди кои продуцираат хормони коишто го регулираат растот на телото, метаболизамот, сексуалниот развој и функција. Хормоните се ослободуваат во крвотокот и преку него се транспортираат до органите ширум организамот.
Табелата и шематскиот приказ подолу ја објаснуваат анатомијата и функцијата на овие жлезди.
|
Јајчници и тестиси |
Ослободуваат хормони кои влијаат на женските и машките полови карактеристики. |
|
Панкреас |
Лачи инсулин-хормон која го контролира искорисувањето на шеќерот во организмот. |
|
Паратироидни жлезди |
Лачат хормон кој го одржува нивото на калциум во крвта |
|
Пинеално телце |
Регулација на дневните биолошки циклуси |
|
Хипофиза |
Лачи голем број на различни хормони кои директно влијаат на работата на другите жлезди со внатрешно лачење |
|
Тимус |
Игра улога во имуниот систем на телото. |
|
Тироидна жлезда |
Лачи хормони кои стимулираат создавање на топлина во телото, раст на коски и регулација на енергетскиот метаболизам. |
| Надбубрежни жлезди |
Поделени се во две регии:дел кој лачи хормони кои имаат влијание врз метаболизамот, биохемизмот на крвта и телесните карактеристики, како и дел кој лачи хормони кои имаат влијание врз дел од нервниот систем кој е инволвиран во процесите на одговор и одбрана на организмот против стрес |
| Хипоталамус |
Учествува во активација и контрола на дел од нервниот систем кој ги контролира автономните телесни функции, целокупниот хормонален систем, бројни други телесни функции меѓукои и регулацијата на спиењето и апетитот |
|