за нас
услуги
галерија
контакт

Кабинет за тироидеа

Во ценатрот за внaтрешни болести „СРЦЕ“ функционира и кабинет за детекција и третман на пореметувања на тироидната жлезда.Прегледот вклучува детален разговор( анамнеза), клинички преглед, ЕХО на тироидеата и лабораториски испитувања на функцијата на жлездата. 

БОЛЕСТИ НА ТИРОИДЕАТА


Тироидната жлезда е мала жлезда во форма на пеперутка сместена веднаш под Адамовото јаболко, во неа се создаваат хормони кои влијаат на целокупниот метаболизам во телото како и енергетските процеси во организамот. Болестите на тироидета се меѓу најчестите здравствени проблеми на населението, посебно во некои делови на Република Македонија а и воопшто на просторите  на Балканот, но бидејќи симптомите се развиваат бавно и постепено, честопати касно се откриваат.
 





Три најчести пореметувања на тироидната жлезда се:
Намалена функција на жлездата (хипотироидизам), зголемена функција на жлездата( хипертироидизам) и присуство на тироидни јазли.

НАМАЛЕНА ФУНКЦИЈА НА ЖЛЕЗДАТА( ХИПОТИРОИДИЗАМ)
Најчести симптоми на хипотироидизам се:
  • замор или губиток на енергија
  • дебелеење
  • неподенусавње на студ
  • сува кожа
  • обилни менструални одливи кај жените
  • запек
  • психичка успореност

ЗГОЛЕМЕНА ФУНКЦИЈА НА ЖЛЕЗДАТА( ХИПЕРТИРОИДИЗАМ)
Најчести симптоми се:

  • нервоза, психичка напнатост, тресење на телото, страв, раздразливост
  • забрзана работа на срцето (тахикардија)
  • чувство нa топлина, препотување
  • слабеење
  • замор, чувство на исцрпеност
  • чести столици
  • кратки и оскудни менструални одливи кај жените
  • кај некои пациенти очите се испакнати со застрашувачки изглед


ТИРОИДНИ ЈАЗЛИ
Тироидните јазли( нодуси) се среќаваат често и вообичаено се безопасни, но сепак околу 4% од јазлите може да бидат и канцерозни, така што може да биде потребно и понатамошно испитување -тенкоиглена аспирациона биопсија- кратка и едноставна процедура која трае неколку минути. Доколку резулататите од биопсијата не покажат постоење на малигни клетки тогаш е неопходно само следење на јазолот во спортивно индициран е хируршки третман.


(c) Copyright 2008 СРЦЕ