за нас
услуги
галерија
контакт

Кабинет за андропауза

 

Што е андропауза?

Мажите на возраст помеѓу 40-55 годишна возраст, можат да доживеат феномен сличен на женската менопауза, наречен андропауза, кој е за прв пат опишан во 40-тите години на минатиот век. За разлика од жените, кај мажите нема јасен знак како што е губиток на менструацијата, кој би го одбележал периодот на „транзиција“. Но, и кај обата пола заедничка карактеристика е намалување на нивото на половите хормони. Естрогенот кај жените, тестостеронот кај мажите. Телесните промени кај мажите се случуваат многу постепено и можат да бидат здружени со променливо расположение, однесување, замор, губиток на енергија, намален сексуален нагон и физичка сила. Покрај ова, падот на тестостеронот го зголемува ризикот за други болести-кардиоваскуларните и коскено-зглобните. Со оглед дека ова се случува во периодот од животот кога многу мажи си поставуваат прашања за нивната вредност, достигнувања и насоки во животот, често е тешко да се сфати дека промените не се поврзани само со надворешни фактори.

За разлика од менопаузата, која генерално ги зафаќа жените во нивните средни 40-ти до средни 50-ти години, машката „транзиција“ може да биде многу побавна и постепена и да се развива со децении.

Однесувањето, психолошкиот стрес, алкохолот, повреди, хируршки зафати, лекарства, гојност и инфекции само придонесуваат за поран почеток.

Важноста на тестостеронот

Тестостеронот е хормон кој има уникатен ефект врз целокупното тело на мажот, се лачи во тестисите и во надбубрежните жлезди. Помага при изградба на протеини и е неопходно важен за нормален сексуален живот кај мажите. Исто така учествува во многу метаболни процеси, продукцијата на крвни клетки во коскената срцевина, формирањето на коските, метаболизамот на мастите, јагленитехидрати, функцијата на црниот дроб и растот на простатата.

Влијанието на нискиот тестостерон


Кога е снижен тестостеронот, целните органи на кои делува неадекватно реагираат,се со намален одговор и тоа резултира со многу промени. Постојат многу варијации на нивото на тестостерон кај здрави лица, но сепак при пониски биорасположливи вредности на тестостерон се јавуваат типични промени:




  • Намален сексуален нагон
  • Емоционални, психолошки промени и промени во однесувањето
  • Намалена мускулна маса
  • Губиток на сила
  • Зголемени маснотии
  • Остеопороза или слаби коски како и болка во грбот
  • Кардиоваскуларни заболувања


(c) Copyright 2008 СРЦЕ