Уролошки консултации
Урологијата е хирурушка специјално ст која се занимава со растројствата и болестите на машкиот генитоуринарен систем, иако само на одреден број на луѓе со уринарни проблеми им е потребена хируршка интервенција.
Најчесто третирани состојби од страна на уролозите се: бенигна простатична хиперплазија, карцином на простата, карцином на мочен меур, проблеми со мокрењето, уролитијаза, карцином на бубрези, еректилна дисфункција, болести на тестисите, сексуално преносливи болести.
Во Центарот за внатрешни болести „Срце“ се изведуваат специјалистички уролошки прегледи како и ултразвучен преглед на уринарниот систем и простатата.
|