Доплер
Болестите на периферната циркулација се развиваат споро и прогресивно, зафаќајќи ги крвните садови - артериите, вените и лимфните садови во телото. Органите кои се крвоснабдуваат со оштетените крвни садови како мозокот, срцето, екстремитетите тогаш не добиваат адекватни количини на крв според нивните потреби.
Болести кои најчесто ги зафаќааат вените се длабока венска тромбоза (ДВТ), варикозни ( проширени ) вени, хронична венска инсуфициенција.
Кога се зафтени артерииите тогаш станува збор за периферна артериска болест (ПАБ).
Лимфедем е пример за перферна васкуларна болест кога се зафатени лимфните садови.
Атеросклероза- созадавање на наслаги во ѕидот на артериите,наслагите најчесто состојат од маснотии, холестерол, калциум и фибрин, така артериите се задебелуваат и го губат еластицитетот.Симптомите се развиваат постепено и полека, а кога ќе бидат блокирани главните артерии во зависност од тоа каде е блокот резултатот е инфаркт на срцето, мозочен удар, аневризма...
Биргерова болест (thromboangiitis obliterans) – хронична инфламаторна болест на периферните артерии која е најчеста кај мажи пушачи и се манифестира со болки во нозете и стапалата, влажна и студена кожа на нозете и намален осет за топло и студено.
Хронична венска инсуфициенција- состојба кога вените во подолг временски период не ја враќаат задоволително крвта од нозете кон срцето заради оштетени венски залистоци.Симптомите се промена на бојата на кожата и зголобовите, отоци на нозете, тапа болка, тежина и грчеви во нозете.
Длабока венска тромбоза (ДВТ)- настанува кога ќе дојде до згрутчување-формирање на засирок –тромб во длабоките вени и кој носи голема опасност да биде разнесен со циркулацијата во белите дробови предизвикувајќи белодробен тромбоемболизам што претставува животозагрозувачка состојба.
Најчесто се случува после долготрајни периоди на физичка неактивност како што е седење во авион за време на долги интерконтинентални летови, поради лежење во постела после хируршки зафати.Симптомите може да бидат отсутни или суптилни вкучувајќи оток и напнатост на зафатената нога и болка во мирување и при компресија.
Варикозни(проширени) вени- настануваат како резултат на некомпетеноста на венските залистоци( оневозможено враќање на крвта од нозете). Бременост, гојност и подолги периоди на стоење ги влошуваат симптомите на болка.
Тромбофлебитис- формирање на тромб во воспалена вена.Симптомите се оток, болна напнатост, цренило и топлина.
|