Ревматолошки консултации
Што е ревматологија?
Ревматологијата е субспецијалност во рамки на интерната медицина која се занимава со нехируршко лекување и третман на ревматолошките болести и состојби. Ревматолошките болести и состојби се карактеризираат со симптоми од страна на мускулноскелетниот систем. Многу од ревматолошките болести се карактеризираат со пореметувања во имуниот систем, па оттука и имуниот систем е предмет на интерес на ревматологијата.
Што лекуваат ревматолозите?
Ревматолозите третираат состојби како што се : артритис, некои автоимуни болести, болни синдроми на мускулноскелетниот систем, остеопороза...
Постојат преку 100 различни ревматолошки заболувања како ревматоидниот артритис, гихт, системски лупус еритематозус (СЛЕ), фибромиалгија, остеоартритис, тендининитис.Некои од ревматолошките болести се многу сериозни и тешки за дијагноза и третман и поради нивната комплексност и евеолуција честопати само една посета/преглед кај ревматолог може да не биде доволен за дијагноза и третман на состојбата
 
|