За нас
Центарот за внатрешни болести „СРЦЕ“ е основан и функционира под раководство на Др. Горан Николов специјалист интернист-субспецијалист кардиолог.
Центарот за внатрешни болести „СРЦЕ“ е приватна здравствена организација, основана во 2003 година, во која се извршуваат специјалистички/субспецијалистички дијагностички прегледи од областа на интерната медицина – кардиологија, гастроентерохепатологија, ендокринологија, ревматологија, ангиологија.
Во центарот исто така функционира кабинет за тироидеа, уролошки кабинет, кабинет за андропауза, дијабетолошки кабинет и кабинет за периферна циркулација.
Наша фундаментална цел е да во најкраток можен рок врз основа на сите потребни испитувања поставиме дијагноза, после што пациентот добива препорака за понатамошен третман како во домашни услови така и во болнички услови ако за тоа има индикација. Наша основна мисија е високопрофесионален, љубезен и доверлив третман на болните пациенти, и превенција од болести на здравите.
Наши основни вредности и начела се стручност, доверливост, љубезност, точност и ефикасност. Опремени сме со најсовремена опрема и со тим од експерти, универзитетски професори кои се водечки стручњаци во своите области во Република Македонија.
Прегледите и дијагностичките процедури се изведуваат по претходно закажување на телефоните 02 3217 016 , 02 3217 018 или по електронски пат секој работен ден од понеделник до петок од 08.00 до 19.00 часот како и во сабота од 09.00 –12.00 часот.
Неработни денови се недела и државните празници.
Плаќањето може да биде во готово, на банкарска сметка или со платежни картички Maestro, Visa, Diners.
Со цел за подобро да се запознаеме со медицинската историја на пацинетот , евентуални претходни прегледи, дијагностички ( РТГ, КТ, УЗ, МР…) и лабораториски инвестигации како и медицинска документација од евентуално претходно болничко лекување, овие документи пожелно е да се донесат при прегледот. Д-р Горан Трајковски Специјалист-интернист Редовно вработен во Центар за внатрешни болести „СРЦЕ“од март 2006 година. trajkovski@srce.com.mk
Консултанти:
Проф. Др. Мирко Крстевски гастроентеролог Проф. Др. Бранкица Крстевскa ендокринолог Проф. Др. Славчо Тошев кардиоангиолог Проф.Др. Георги Божиновски ревматолог
Центар за внатрешни болести „СРЦЕ“
Ул.Дренак бр 6
02 3217 016
02 3217 018
1000 , Скопје
www.srce.com.mk
srce@srce.com.mk
nikolov@srce.com.mk
|